Иако нашата репрезентација во тензичен финиш изгуби од Словенците, регионалниот лидер во приредување игри на среќа во рамките на својата акција за секој постигнат гол издвои по 125.000 денари.
Македонската репрезентација сепак на Европското ракометно првенство во Унгарија извојува победа, но со хуманост! Со асистенција на компанијата Mozzart за 25 голови на првиот натпревар против Словенците издвоени се 125.000 денари за добротворни цели.
Имено, регионалниот лидер во приредување игри на среќа за секој гол на репрезентацијата на првенството на Стариот континент ќе донира по 5.000 денари. Од компанијата Mozzart се надеваат дека ова ќе биде дополнителен поттик за нашите ракометари на натпреварите од тешката група А против Данска и Црна Гора.
“Задачата што ја чека екипата на Кирил Лазаров не е лесна и затоа е многу важно на момците да им дадеме ветер во грб. Со оваа традиционална акција секогаш се трудиме да го извлечеме најдоброто од спортистите, но и да помогнеме таму каде што е потребна помош.” – наведоа од менаџментот на компанијата Mozzart.
Со ракометарите во наредните денови ќе биде целата држава, кои играат во многу тешка група.
Филип Кузмановски, еден од најдобрите стрелци на нашата репрезентација, кој постигна пет гола на овој натпревар, испрати порака за поддршка пред заминувањето во Унгарија:
“Мило ми е што сум вклучен во овој хуманитарен настан на Mozzart. Пред една година имавме успешна донација, а средствата завршија за лекување на малиот Михаил од Тетово. Сакам да им се заблагодарам на Mozzart што ме избра да учествувам во оваа хуманитарна акција. Јас и моите колеги, како и на секој меч досега за Македонија, така и на Европското првенство, ќе го дадеме максимумот за што подобар резултат и повеќе голови, а со тоа и износот на донацијата ќе биде поголем.” – изјави одличниот лев бек Кузмановски.
Следниот натпревар Македонија го игра на 15 јануари против селекцијата на Црна Гора (18.00 часот).