Царовска: Горда сум на постигнатите резултати во време на транзиција од режим кон демократија

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Горда сум на постигнатите резултати, на сите успешно спроведени реформски процеси и на оние кои се во тек, кои ги реализирав како министерка за труд социјална политика, вицепремиерка и како министерка за образование и наука, во влада предводена од социјалдемократи, кои успеаја да ја вратат слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакнат меѓусебната граѓанска почит, пишува се уште актуелната министерка за образование, Мила Царовска.

Сето ова, продолжува таа, го постигнавме заедно со мојот тим, но и со соработниците од државните институции и граѓанскиот сектор, во еден исклучително тежок период, во време на транзиција од режим кон демократија, но и во време на сериозна здравствена криза, секогаш застапувајќи ги и почитувајќи ги граѓанските вредности.

„Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените“, додаде Царовска и се забалгодари за довербата и можноста да служи.

Слични содржини