226
Фудбалерите на Манчестер Сити славеа против Челси со 1:0 во дербито од 22. коло на Премиер лигата.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Кевин Де Бруин во 70. минута.
Тоа беше негов петти гол против Челси, што го прави играч со најмногу голови против лондонскиот клуб меѓу играчите кои претходно го носеле дресот на „сините“.
Не гледавме премногу интересен натпревар. Домаќинот ја имаше повеќе топката во нозете, имаа повеќе удари, а беа поконкретни и ја заслужија победата.
Тие на тој начин ја зголемија предноста во однос на второпласираниот Челси на 13 бодови, додека Ливерпул сега има 14 заостанување со два натпревари повеќе.