187
Во Собранието вечерва заврши расправата за избор на новата влада. Утре во 12 часот ќе продолжи седницата.
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува, а од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања.
За избор на Владата е потребно просто мнозинство од 61 глас, а доколку биде изгласана Владата на Ковачевски, ќе биде единаесеттата од прогласувањето на независноста на државата во 1991 година.
Новата владина коалиција е составена од СДСМ со нивните предизборни коалициски партнери, ДУИ и ДПА, а потоа се приклучи Алтернатива со што вкупно 64 пратеници ја поддржуваат владата.