Австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок ја поздрави одлуката на судот, кој едногласно го одби барањето на адвокатите на Ѓоковиќ да се поништи одлуката на Хок за укинување на визата за српскиот тенисер.
Хок истакна дека оваа одлука е во согласност со законите за имиграција што Австралија ги спроведува од почетокот на пандемијата.
„Ја поздравувам денешната едногласна одлука на Австралискиот федерален суд со која се потврдува мојата дискреција да му ја одземам визата на Новак Ѓоковиќ во име на јавниот интерес“, рече Хок, додавајќи:
„Австралиската имиграциска политика не чуваше безбедни за време на пандемијата и ни помогна да имаме една од најниските стапки на смртност во светот, но и една од највисоките стапки на вакцинација. Таа е клучна за одржување на интегритетот на нашата земја и ќе остане силна и покрај пандемијата“.