АТП по депортацијата на Ѓоковиќ: Жал ни е, но препорачуваме тенисерите да се вакцинираат

од Vladimir Zorba
336 прегледи

По „Тенис Австралија“, кој рече дека ја почитуваат одлуката на федералниот суд во случајот со депортацијата на Новак Ѓоковиќ, нешто слично во соопштение истакна и Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП)!

Но, во овој случај АТП изрази сочувство со Новак, чија жалба за депортација не беше прифатена и кој ќе ја напушти Австралија околу 12.30 часот по средноевропско време.

– Денешната одлука да се поддржи укинувањето на австралиската виза за Новак Ѓоковиќ означува крај на серијата настани за кои длабоко жалиме. На крајот на краиштата, мора да се почитуваат одлуките на правните органи во врска со јавно-здравствените прашања. Потребно е повеќе време да се погледнат фактите и да се научи од оваа ситуација.

– Без разлика како дошло до ова, Новак е еден од најголемите шампиони во нашиот спорт и неговото отсуство од АО е загуба за играта. Знаеме колку турбулентни беа последните денови за Новак и колку сакаше да ја одбрани титулата во Мелбурн. Му посакуваме се најдобро и со нетрпение очекуваме да го видиме наскоро на теренот. АТП сепак силно им препорачува вакцинација на сите играчи, се вели во официјалната изјава.

Ѓоковиќ на крајот на јануари би можел да го загуби првото место на АТП листата доколку ги гледаме Данил Медведев и Александар Зверев во финалето на АО, односно ако некој од нив триумфира во Мелбурн.

Слични содржини