Од денешните 1.348 позитивни лица, регистрирани се 145 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија – по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Во разговор за „Локално“, професор др. Мери Киријас од Институт за имунобиологија и хумана генетика вели дека генетска предиспозиција за полесно инфицирање со вируси е една од причините за кои се претпоставува дека може да се заразат лицата по втор или третпат со Ковид.
-Кои се причините зошто некои индивидуи по неколку пати се заразуваат со вирусот на САРС-КоВ2 е прашање на кое многу научници се обидуваат да дадат одговор. Точна причина се уште не е позната, иако има повеќе претпоставки како: генетска предиспозиција за полесно инфицирање со вируси или почеста директна изложеност на тие индивидуи на вирусот, објаснува имунологот.