Струмица и Куманово најзагадени градови

од Берта Китинска
188 прегледи

Во изминатово деноноќие, според индексот на квалитет на воздух Струмица се најде на прво место за најзагаден град во Македонија со индекс на загадување од 277.

По него е Куманово каде индексот на загадување е 254 додека зад Куманово се наоѓа Кичево со 237 микрограми на метар кубен.

Во Скопје најзагадено е Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Од останатите македонски градови висока загаденост бележат Тетово, Битола и Кавадарци.