Лирман-Пендаровски: Република Северна Македонија останува посветена на европската агенда

од Берта Китинска
305 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Честитајќи ѝ за преземањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски се заблагодари што проширувањето на Европската Унија и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во таа насока, претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на нашата држава за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.

Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оцени дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад. Претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена.

Слични содржини