213
Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад. Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што истото е казнето, информираат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекле 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк.