254
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија и беше депортиран од таа земја, во понеделник пристигна во Белград.
Ѓоковиќ околу пладне пристигна на аеродромот „Никола Тесла“, каде се присутни бројни новинарски екипи и неколку десетици навивачи.
Непосредно пред тоа, новинската агенција АФП, повикувајќи се на извори од француската влада, објави дека на следниот Гренд слем турнир, Ролан Гарос ќе можат да играат само вакцинирани тенисери.
Според австралискиот закон, Ѓоковиќ нема да може да добие виза за влез во земјата во следните три години, но премиерот Скот Морисон тврди дека казната може да биде скратена под „соодветни околности“.