Ковачевски за министрите на ДУИ: Никогаш не сум ги дедел луѓето на кадри од одредена политичка партија

од Берта Китинска
218 прегледи

Мандатарот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција кажа дека е задоволен од работата на министрите од ДУИ.

-Луѓето со кои сум работел никогаш не сум ги дедел на кадри од одредена политичка партија или од одредено време. Секогаш ги вреднувам врз основа на нивните професионални перформанси. Со министрите кои беа дел од владата, а сега се повторно дел од оваа Влада, имав соработка како заменик-министер за финансии и можам да кажам дека лично сум задоволен од перфомансите на министрите од ДУИ кои ги предложив, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува дека кадрите на ДУИ се незаменливи.

Тој дополни и дека сака да има соработка со опозицијата, а најави и комуникации со Христија Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во услови кога имаме енергетска и еконосмка криза и здравствена пандемија, сметам дека сите политичари и експерти треба да дадат придонес за овие проблеми. Во таа насока ќе воспоставиме комуникација и со господинот Мицкоски, потврди Ковачевски.