Албански државјанин фатен со 30 килограми свежа риба во багажникот

од Nikola Popovski
360 прегледи

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад денеска запленија 30 килограми свежа риба кај албански државјанин на стариот пат Охрид – Струга, во близина на местото викано „Сатеска“.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека рибата е пронајдена во автомобил „опел зафира“ со албански регистарски ознаки.

– При извршен преглед на патничко моторно возило „опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, кај месноста Сатеска, во близина на Струга, беа пронајдени и запленети се 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми. Рибата била сокриена во багажниот простор на возилото, изјави Димоски.

Според него, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини