Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ја доби наградата за најдобар играч на годината по избор на ФИФА.
Левандовски се најде во потесниот избор пред Аргентинецот Лионел Меси и Еѓипјанецот Мохамед Салах.
Полјакот минатата сезона постигна 45 гола на 51 натпревар за клубот и репрезентацијата.
Левандовски минатата сезона со Баерн ја освои титулата во Бундеслигата и Светското клупско првенство.
Исто така, 33-годишниот напаѓач успеа да го собори рекордот во Бундеслигата постигнувајќи 41 гол на 29 натпревари. Претходниот рекорд го држеше Герт Милер со 40 гола на 34 натпревари во сезоната 1971/72.
Левандовски постигна осум гола во 12 репрезентативни квалификации за Светското првенство во Катар.
За најдобар тренер е избран менаџерот на германскиот Челзи, Томас Тухел.
До наградата стигна во конкуренција на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и италијанскиот тренер Роберт Манчини.
Тухел минатата сезона успеа да ја освои Лигата на шампионите со Челзи, победувајќи го Манчестер Сити на Гвардиола во финалето.