Поранешна соработничка на Епштајн повеќе нема да молчи: Кои се осуммината поврзани со силување на малолетници?

од Nikola Popovski
432 прегледи

Гислајн Максвел, поранешна соработничка на богатиот Џефри Епштајн, обвинет за сексуална злоупотреба, неодамна беше прогласена за виновна за подведување малолетници за него, а американските медиуми пишуваат дека таа повеќе нема да го крие идентитетот на осум мажи кои наводно се поврзани со обвиненијата.

На Максвел и се заканува затворска казна до 65 години, што значи дека би можела да го помине остатокот од животот зад решетки.

Повикувајќи се на еден од нејзините бранители, адвокатката Лори Менингер, американските медиуми пренесуваат дека Максвел повеќе нема да се противи на објавувањето на имињата на осуммина мажи чии идентитети се кријат во тужбата од 2015 година, пренесува хрватски „Индекс“.

Граѓанската тужба против Максвел во 2015 година беше иницирана од Вирџинија Џуфри, жена која го обвинува британскиот принц Ендру за силување.

Адвокатката Менингер го објави ова во писмо напишано истиот ден кога судијата одби да го отфрли случајот против принцот Ендру, кому оттогаш му се одземени кралските титули, па тој ќе се соочи со тужбата како граѓанин.

Адвокатката Вирџинија, Џафри тврди дека најмалку две непознати лица не се противат на објавувањето на нивните имиња, а конечната одлука за објавувањето ќе ја донесе сојузната судијка Лорета Преска.

Фото: Joe Schildhorn | Patrick McMullan | Getty Images

Слични содржини