СДСМ: Арсовска со нејзиното неработење нанесува штета на скопјани и Скопје

од Nikola Popovski
140 прегледи

СДСМ обвини дека градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата за граѓаните и за Градот Скопје.

-Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука. Годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. Во само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не е компетентен за функцијата. Арсовска одби финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје. Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво, се само дел од нештата што според СДСМ, градоначалничката ги направи во досегашното свое време на раководење со градот.

Владеачката партија додава дека наместо проекти, решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзиното неработење.