Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија.
-Бугарија нема да веќе да ја кочи употребата на краткото име во ниту еден меѓународен или билатерален документ и затоа ќе ги извести ОН. Истовремено Северна Македонија преку МНР исто така испрати вербална нота до ОН во врска со нашето долго и кратко име, во која изречно потврдува дека двете имиња се подеднакво валидни и оти со употребата на краткото име немаме никакви територијалните претензии, рече Ковачевски по тет-а-тет средбата со бугарскиот колега Кирил Петков.
Сега, рече Ковачевски, премиерот Петков може слободно да го употребува името Северна Македонија во интервјуата за медиумите.
Ковачевски додаде дека Петков во Скопје секогаш може да смета дека е меѓу добри пријатели.
-Си дадовме збор дека дека ќе ја искористиме новата енергија и преку нов пристап базиран на взаемна почит да ги унапредиме односите, додаде Ковачевски.