Јанчева: Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект, а веќе наближуваат 82 дена од мандатот

од Nikola Popovski
242 прегледи

Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје обвини дека во првите два и пол месеца од мандатот Данела Арсовска нема ниту еден проект во интерес на граѓаните на град Скопје.

-Нејзината најава дека ќе реконструира булевари и улици во градот, всушност е продолжување на проектот на претходната градска администрација. За речиси за сите улици и булевари што ќе се реконструираат веќе се изготвени проектни документации од претходното раководство, а за улицата Радишанска избран е и изведувач на градежните работи. Добро е што Арсовска ги продолжува проектите на претходниот градоначалник и ја охрабруваме исто така да постапи и со проектот „Бас рапид транзит“, кој го прекина иако за него средствата веќе беа обезбедени, истакна Јанчева.

-Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект, а веќе наближуваат 82 дена од мандатот, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 проекти, додава Јанчева.

Слични содржини