Горан Николовски го фати Светиот крст во Скопје

од Nikola Popovski
286 прегледи

По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска присуствуваше на положувањето на Светиот крст во водите на реката Вардар, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

-Точно на пладне триесет учесници во духот на заедништвото држејќи се за рака дозволија еден од името на сите да го фати светиот Крст во осветените води на реката Вардар.

Градот Скопје на Горан Николовски традиционално му додели икона и златник, кои тој од име на сите учесници ќе ги донира во Соборниот храм во Скопје за добротворни цели.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, градоначалничката Данела Арсовска и останатите присутни честитаа и посакаа успех, соопштија од Градот Скопје.

Слични содржини