Претседателот на Бугарија Румен Радев прв се изјасни за посетата на премиерот Кирил Петков во Северна Македонија.
Радев рече дека има многу позитивни сигнали од оваа посета, но се надева дека клучните прашања во спорот нема да бидат изоставени.
„Има многу позитивни сигнали од оваа посета. Сепак, се надевам, како што кажав вчера од собраниската говорница дека заедно со сите напори за подобрувањето на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, нема да ги заборавиме и главните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите “, истакна шефот на државата.