Спасовски: Меѓународни институции ја рангираа С. Македонија како најбезбедна од земјите од Западен Балкан

од Берта Китинска
167 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски соопшти дека од 2017-2021 година Македонија бележи скок во рангирање на безбедни земји од Западен Балкан и тоа од 71. на 40. место.

„Релевантни меѓународни институции ја рангираа Република Северна Македонија како најбезбедна од земјите од Западен Балкан, со скок од 71. место на 40. место во период од 2017-2021. Имено, во 2017 година на стратешко ниво го поставивме мотото „МВР за граѓаните”, со што го воспоставивме и концептот полиција – сервис на граѓаните. Денес, професионалноста и посветеноста се водилки во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата. Цврсто сум уверен дека напредокот на Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба. Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните“, соопшти Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски во неговиот Фејсбук статус.