Црногорските ракометари ја совладаа Хрватска со резултат 32:26 на стартот од вториот дел на Европското првенство во Унгарија.
Црногорците иако влегоа како аутсајдери во мечот, од самиот почеток го наметнаа својот ритам и практично цело време беа во водство.
Најефикасни во црногорската репрезентација беа Бранко и Милош Вујовиќ со по седум гола, а Немања Грбовиќ додаде пет.
Кај Хрватите најдобар беше Иван Чупиќ со седум гола, а Лука Циндриќ постигна пет.
За волја на вистината, Хрватите беа многу слаби на овој натпревар, дури девет играчи беа позитивни на коронавирус, а поради повреди не можеа да играат ниту Халил Јагањац, ниту Домагој Дувњак.
Црногорците претрпеа еден пораз во првата фаза и сега имаат 1-1, додека Хрватска е на скор 0-2.
Следниот натпревар Црна Гора го игра против Холандија, а Хрватска силите ќе ги одмери со Данците.