Бројките од пописот ќе бидат објавени кон крајот на март: „Ниту една земја не прикажала податоци за 6 месеци“

од Nikola Popovski
254 прегледи

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски информираше дека резултатите од пописот ќе бидат објавени кон крајот на март.

-Првите и конечни бројки ќе ги имаме кон крајот на март, кога очекуваме да завршиме со целокупната обработка. Ниту можеме, ниту сакаме претходно било што да најавуваме. Не сакаме да даваме погрешни информации. Ќе видиме кога ќе се заврши обработката. Има доста работа. Не е така едноставно како што замислуваат некои дека ако е во електронска форма, дека со една команда се се завршува. Не е така, ова е процес, рече Симовски во Дневникот на ТВ Сител, додавајќи:

-Се уште се чистат податоците, се уште има проверки. Одредени лица може да прејдат во друга категорија. И да имам сега некој податок, ќе биде погрешен. Не гледам проблемот што е сега толку за сега да објавиме веднаш. Јас би бил среќен доколку порано објавиме, но ова е долг процес и не е тоа така едноставно. Ова е најбрзиот можен период на чекање за резултати од попис. За 6 месеци ниту една земја не објавија резултати од попис, потенцира Симовски.

Слични содржини