Зиков: Мора да се најде механизам во Стразбур, Македонците да добијат посилни права

од Берта Китинска
288 прегледи

Деновиве се крена прашина околу изјавата на Маричиќ околу тоа дека нема што Македонија да кажува за правата на Македонци во Бугарија и дека тоа е мешање во внатрешните работи. Таа изјава беше протолкувана од многумина како несреќна, поради што во Студио 10 беше упатено прашање до Љупчо Зиков дали смета дека таквата изјава и таквиот однос на македонската Влада не е секогаш продуктивен.

„ Јас изјавата на Маричиќ ја толкувам најнормално, добро е некогаш работите да се кажат како што се за да не создаваме лажни илузии дека нешто може да се направи. Едно треба да знаеме дека какво уредување сме добиле во Македонија тоа е врз основа на генезата на развој на оваа држава од 90-та година па на наваму, зборам за независна Р. Македонија, па сега Северна. Ние како држава не можеме да се мешаме во внатрешните односи на Бугарија врз основа на Уставот и да владееме со колективни права на Македонци таму. Ние можеме само да ги примаме здруженијата. Мора да се најде механизам во Стразбур, македонците таму да добијат посилни права. Како бугарски устав има повеќе низ Европа. Таков е Францускиот, до некаде и Грчкиот“, вели Зиков.

Слични содржини