Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека на средбата што се оджра во С. Македонија, заедно со амбасадорката на САД увиделе и ја нагласуваат важноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. САД како и досега останува наш стратешки партнер и пријател.
– Од големо значење ни е американската поддршка во процесот на евроинтеграција на нашата земја. На средбата со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, ја нагласивме важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Остануваме посветени на негувањето на долгогодишните пријателски односи со Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер и на продлабочување и јакнење на соработката во интерес на двете земји, соопшти заменик-претседател задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.