Македонија ќе изгради 36 тунели и преку 80 мостови за железничката пруга со Бугарија

од Nikola Popovski
358 прегледи

Јас гледајќи ја средбата со мојот бугарски колега и средбата на двете делегации, сметам дека простор за нарушување на односите меѓу двете земји е многу мал, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, говорејќи за посетата на бугарската владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков.

Според Бочварски, двете влади се навистина заинтересирани да се решат прашањата.

-Затоа и седнуваме на маса. Ние сме подготвени да изградиме 36 тунели и преку 80 мостови до Бугарија за да железничката пруга биде во функција. Тоа е обемен проект со преку 600 милиони евра инвестиција и нема некој кој ќе застане на патот за да каже дека не е потребна. Верувам дека никој во Македонија не е против тоа да биде направено поврзување на граѓаните на двете земји. Доколку имаме доверба меѓу двете страни, тешко некој дека ќе може да ги наруши овие добри односи и добра волја, оценува Бочварски во емисијата „Трилинг“.

Слични содржини