Д-р Петличковски: Треба да размислуваме кон укинување на ковид-сертификатите

од Nikola Popovski
672 прегледи

Директорот на Институтот за имунобиологија, д-р Александар Петличковски укажува дека треба да размислуваме кон насока на укинување на ковид-сертификатите.

-Сега сме во друга реалност од пред два месеци и значењето на ковид-сертификатите не е такво како што беше пред два месеци, имајќи предвид дека и вакцинираните и тие што прелажеале, можат повторно да се заразат. Логиката да се бара сертификати и да се ограничува слободата на движење не е истата. Ние ги воведовме за да стимулираме вакцинација и таа мерка треба да се измери сега, вели д-р Петличковски во емисијата „Топ тема“.

Според него, таа мерка сепак била најефикасна за прифаќање на вакцинацијата.

-Но ако во моментов тоа не вродува со плод, треба да размислиме во насока на укинување, потенцира д-р Петличковски.

Слични содржини