247 санкции за брзо возење, 4 возила се движеле со над 70 км/ч повеќе од дозволеното

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (22.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи.

Од нив 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место.