„Наместо во изолација како што му било одредено, додека го очекувал резултатот од тестот за Ковид 19, градоначалникот на Охрид се појави помеѓу охриѓани за Водици и ги стави во опасност сите присутни. Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори“, вели денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Ова не е само непочитување на одредбите и законите. Ова скандалозно однесување на Пецаков е непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица.
Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф. Зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецакоски? Ќе го повика ли на одговорност или ќе го штити?, прашува таа.