СДСМ: Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби

од Milan1
153 прегледи

„Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби, Мицкоски да каже дали го поддржува неговото неодговорно постапување. Без ниту малку срам, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков наместо да се извини, се заканува со тужби“, реагираат од партијата СДСМ на најавите од Пецаков дека ќе покрене постапки за клевета.

„Факт е дека Пецаков додека чекал резултати од тест за Ковид 19, наместо во изолација, беше помеѓу граѓаните на Водици.

Факт е дека Пецаков, според надлежните институции има решение за изолација.

Факт е и дека Пецаков на Водици, беше заедно со Христијан Мицкоски на литургија во црква.

Наместо да покажат минимум одговорност и совест и да им се извинат на охриѓани, Пецаков се заканува со тужби за наводно монтиран случај, а Мицкоски го нема да објасни дали застанува во заштита на неговиот охридски градоначалник.

Пецаков треба да одговара како и секој поединец кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје“, истакнуваат од СДСМ.