Повеќе од 80 тони американско оружје пристигна во Украина (ФОТО)

од Nikola Popovski
309 прегледи

Уште еден авион со повеќе од 80 тони американско оружје пристигна во Украина, објави на Твитер украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

„Повеќе од 80 тони оружје за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина од нашите пријатели од САД! И тоа не е крајот“, напиша министерот.

Како што пишува порталот „НВ“, Украина добила рачен фрлач на гранати М141 „Bunker Defeat Munition“ и серија противтенковски системи „Џавелин“. Оружјето пристигнало на украинскиот аеродром во Бориспол.

Американската амбасада во Киев во саботата објави дека во Украина е испорачана серија смртоносно оружје од новата американска воена помош во вредност од 200 милиони долари. Дипломатската мисија прецизираше дека товарот се состои од околу 90,7 тони „смртоносно оружје, вклучително и муниција за бранителите на линијата на фронтот на Украина“.

Белата куќа претходно вети дека САД ќе продолжат да обезбедуваат воена помош за Украина во наредните месеци за зајакнување на одбраната на земјата.

Украина доби и пратка воена помош од Велика Британија во вид на лесно противтенковско оружје. Заменик-министерот за одбрана на Украина за евроинтеграции Анатолиј Петренко изјави дека оружјето ќе се користи за зајакнување на одбраната на земјата.

 

Слични содржини