Во недостаток на капитални проекти на нивните градоначалници во изминативе 100 дена, обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ треба да бидат некаков бенефит за нивната неспособност, вели за Утрински брифинг Борис Георгиевски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба.
-Арсовски треба да влезе кај нивниот градоначалник во општината, а не да дава сомнеж и прашалници од типот – дали постојат или не налози, бидејќи такви договори постојат, потпишани се, рекапитулирани се и исплатени. И тука работите мора да бидат јасни: Станува збор за сосема две различни работи – едно е тековно оддржување на уличното осветлување и имплементација за ЛЕД паметно осветлување.Да не заборавиме, Димче Арсовски треба да провери зошто мојот колега Боби Стефковски за 2022 година со истата фирма има предвидено преку 20 милиони за тековно оддржување на линиите, изјави Георгиевски околу обвинувањата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, вели Георгиевски.