Ковачевски утре на средба со Радев

од Берта Китинска
192 прегледи

Владин тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски денеска заминува во официјална посета на Софија, каде што утре ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија. Се очекува македонската делегација да биде пречекана од бугарскиот премиер Кирил Петков на плоштадот „Свети Александар Невски“ во 16 часот.

Премиерот Димитар Ковачевски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Бетиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресорси, Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, Мартин Попов, шеф на Кабинет на ПВРСМ, Едмонд Адеми, советник за надворешни работи на ПВРСМ. За утре
планирана е средба со Радев.

Слични содржини