5 типа на осип што може да укажуваат на тоа дека сте заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba
2,4K прегледи

Доколку сте биле во контакт со коронавирусот и сте се заразиле, раното откривање на симптомите е од клучно значење за да се спречи ширењето на вирусот и да се започне со лекување навреме.

Иако Ковид-19 е респираторно заболување, може да предизвика голем број други симптоми освен респираторни. Некои од нив се осип, главоболки, болки во мускулите и други.

Според студијата објавена во British Journal of Dermatology, 8,8 отсто од сите оние кои биле позитивни во студијата на 11.544 луѓе развиле некој тип на проблем со кожата. Еве ги сите начини на кои Ковид може да се манифестира на кожата.

Промени на прстите

Промените на прстите на нозете, како црвени и виолетови испакнатини, може да укажуваат на ковид-19. Тоа е состојба која се јавува почесто во постудените месеци, но во случај на Ковид може да се појави во секое време од годината.

Јазли може да се појават и на прстите на рацете и нозете, а прстите може да бидат отечени, но овие промени не предизвикуваат иритација. Со текот на времето, горниот слој на кожата почнува да се лупи и областа подолу може да стане ронлива.

Егзема

Егземата е воспалителна состојба која предизвикува кожата да стане воспалена, испукана, груба и да чеша. Егземата може да се појави за време или по инфекцијата и обично може да трае неколку дена.

Плускавци

Плускавците се појавуваат ненадејно, а тие се црвени, чешачки испакнатини кои се резултат на реакција на кожата. Тие се со различни големини и одвреме-навреме доаѓаат и си одат.

Плускавци може да се појават на кој било дел од телото, вклучувајќи ги бутовите, грбот и лицето. Според истражувачите, оваа состојба на кожата се јавува доста рано за време на инфекцијата и може да трае долго време.

Ако плускавците се појават и по шест недели, овој проблем со кожата се смета за хроничен.

Орален осип

Оралниот осип, познат и како енантема, е уште еден знак за ковид. Овој тип на осип се појавува на усните поради што устата станува сува и ронлива. Во некои случаи, може да се појави болка во усните.

Pityriasis rosea

Pityriasis rosea е воспалителна болест која се карактеризира со дифузни лушпести папули или плаки. Станува збор за бениген осип кој најчесто започнува со појава на голема кружна или овална дамка на градите, стомакот или грбот, пишува „Тајмс оф Индија“.

Оваа состојба обично е предизвикана од вирусна инфекција и може да се појави околу 4-5 дена пред другите симптоми.

Слични содржини