ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид

од Берта Китинска
156 прегледи

Генералниот секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако беше објавено дека против охридскиот градоначалник Кирил Пецаков ќе биде поднесена кривична пријава затоа што не се самоизолирал додека чекал резултати од тест за ковид-19.

-Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20-ти јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани.Ја повикуваме директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ. Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.