Сочни и вкусни: Ароматични полнети пиперки

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Состојки:

7-8 парчиња зелена пиперка
300 гр урда
200 гр кајмак
2 јајца
1 гранче копар
150 гр путер
по вкус сол
по вкус сув билен зачин

Подготовка:

Измијте ги пиперките и извадете ја дршката и ископајте ги. Измешајте ја урдата со кајмакот и ситно сечканите зачини, додадете ги јајцата и зачинете по вкус.

Наполнете ги пиперките со филот и наредете ги во намрсено тавче, посолете одозгора и наредете ги листовите путер.

Се пече на 180 степени околу 30 минути додека убаво не поруменат.

Пријатно: