„Техничката влада е резултат на преговорите во Прижино, но потребата за неа произлезе од бомбите и од тоа што слушнавме за местење избори, злоупотреба на државен апарат, полиција и слично. Сега кога опозицијата бара да се укине таа, тие свесно или несвесно потврдуваат дека оваа влада и оваа коалиција може да организираат фер и демократски избори“ кажа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека и ОБСЕ и ОДИХР потврдија дека изминатите изборни процеси, кои беа организирани од оваа владеачка коалиција беа фер и демократски. „Техничката влада е резултат на преговори и договори меѓу најголемите политички партии и е несериозно ВМРО-ДПМНЕ самоиницијативно да ја укинува. Не дојдовме така до неа, па така да ја елиминираме“ кажа Богоев. Тој додаде дека сите измени на Изборниот законик или Законот за влада, што се во насока на организација на изборен процес, мора да се прават со широк…