219
Во периодот од 17.01.2022 до 23.01.2022 , Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се осум учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, бараат од МВР.