Недела за заборав: Како омикрон „ја оштети“ Модерна?

од Nikola Popovski
383 прегледи

Акциите на Модерна ја завршија минатата недела со пад од 4,4 отсто во петокот на најниско ниво во последните осум месеци од 160 долари.

Така компанијата застана на пазарна капитализација која е за 67 отсто пониска од рекордната вредност, односно загуби 130 милијарди долари.

Пазарната вредност на компанијата сега е околу 65 милијарди долари.

Причина за падот на вредноста на акциите за 20% во текот на претходната недела се лошите резултати од вакцината против сојот на коронавирус, омикрон.

Истражувањата покажуваат дека бустер дозата на Модерна против Ковид 19, иако многу ефикасна против претходните соеви, била помалку ефикасна против сојот омикрон, пренесува Форбс.

Иако бројот на заразени со Ковид-19 скокна поради новиот бран на омикрони, Центрите за контрола и превенција на болести во петокот објавија дека бустер дозите на Модерна и Фајзер се 90 отсто ефективни во спречување на хоспитализација на заразените со новиот сој.

Слични содржини