Карабатиќ има корона, но игра на ЕП

од Nikola Popovski
300 прегледи

Организацијата на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка е практично под знак прашалник од самиот почеток на натпреварувањето откако огромен број на заразени ракометари со коронавирусот го обезвреднија првенството и радикално се одрази на квалитетот на репрезентациите. Но, фактот дека Никола Карабатиќ играл заразен против Исланд може да се претвори во голем скандал, особено затоа што ЕХФ даде посебен исклучок во случајот со францускиот репрезентативец.

Карабатиќ играше против Исланд, иако два дена пред натпреварот беше позитивен на коронавирусот.

Еден од најдобрите ракометари на планетата, бил тестиран по натпреварот на неговата селекција со Холандија, но и покрај позитивните наоди, добил дозвола од Европската ракометна федерација, бидејќи во декември се заразил со вирусот.

Медицинските експерти на ЕХФ, врз основа на КТ-скен (проценка на ризик за ширење на инфекцијата) утврдиле дека Карабатиќ не е опасен за другите учесници и не претставува закана за ширење на инфекцијата.

Францускиот ас не само што играл позитивен, туку ќе може да настапи и на вечерашниот меч со Црна Гора, но под услов вредноста на КТ да не му опадне драстично.

Ваквата одлука на ЕХФ ги налути репрезентативците на другите репрезентации на ЕП, особено оние кои беа перципирани како фаворити на првенството, а поради присуството на вирус кај нивните играчи, веќе на средината од втората фаза отпаднаа од трката за пласман во полуфиналето.

Фото: Profimedia

Слични содржини