Русија бара војна, но во суштина не сака да ја добие, смета универзитетскиот професор од Факултетот за безбедност, Марјан Ѓуровски, говорејќи за ситуацијата на украинско-руската граница и можната деескалација на состојбата.
Според професорот, не може проблемите во Казахстан, Грузија, Азербејџан и Белорусија да се одржат.
-Неспорна е воената моќ на Руската федерација, но не е на исто рамниште со американското вооружување и одбранатата. Русија годишно одвојува 60 милијарди долари за одбрана, што е 15 пати помалку од официјален Вашингтон. Доколку ги рангираме војските во светот, САД е прва, втора е Кина, трета е Индија, а Русија е четврта. Нејзината војска не е до ниво да одговори на сите овие можни жаришта, појаснува Ѓуровски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.