Христовски: Граѓаните се презаситени од избори

од Nikola Popovski
394 прегледи

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христовски уште еднаш го повтори ставот на неговата матична партија дека во моментов не се потребни предвремени парламентарни избори.

-Граѓаните се презаситени од избори во однос на тоа кој ќе биде пратеник, министер и од тоа што имаме кочење на процесите во локалната самоуправа. Во моментов не ни се потребни избори, туку ни треба локална самоуправа која ќе покаже дека менаџираме со општините и дека можеме да направиме нешто повеќе, рече Христовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини