337
Клаудио Раниери повеќе не е менаџер на Вотфорд, откако доби отказ по само три и пол месеци, пренесува британски Атлетик.
Искусниот Италијанец (70) во октомври пристигна кај „Стршлените“, како замена за Циско Муњоз и оттогаш бележи катастрофални резултати.
Во 14 натпревари Ватфорд забележа само две победи и дури 11 порази. На претходните осум натпревари освои само еден бод, а се наоѓа на 19. место во Премиер лигата.
Последниот пораз од директниот конкурент за опстанок на Норич (0:3) беше капка која ја прели чашата. Освојувачот на историската титула со Лестер доби отказ, па клубот од Викариџ Роуд ќе мора да најде ново решение.
Следниот дуел тимот од Лондон го има на 5 февруари против Барнли, уште еден директен противник за останување во елитата.