ССМ до пратениците: Приоритет се платите на работниците, а не другите закони за апанажа и избори

од Nikola Popovski
215 прегледи

Бараме политичките партии да не се препукуваат со поднесување на предлог закони кои не се од егзистенцијална важност за работниците во време на економска, енергетска и ковид криза и наместо да го трошат времето и да одржуваат седници за лични нивни бенифити, да ја изгласаат иницијативата на ССМ за законското решение за пораст на минималната плата која бараме да биде 60% од просечната плата или 18.000ден, како и усогласување – зголемување на останатите плати согласно законот за минимална плата кој е поднесен до Собранието и поделен од страна на претседателот на Собранието г-дин Талат Џафери до сите пратеници, побараа од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од таму ги потсетуваат дека било кој пратеник или пратеничка група согласно Деловникот можат веднаш без одлагање да го поддржат и предложат предлогот на ССМ, поради тоа што сите се деклариаат како политички партии дека се за работниците и се грижат за нив.

-Затоа ги повикуваме сите политички партии: СДСМ со коалицијата, ВМРО со коалицијата, ДУИ, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, БЕСА, ЛЕВИЦА, ЛДП, ДОМ, ДЕМОРАТСКИ СОЈУЗ, Веднаш да ги поднесат и изгласаат законските измени во Законот за минималната плата и со тоа да докажат дека навистина се грижат за работникот и неговата егзистенција во оваа ковид, економска и енергетска криза!

-За работниците е нејасно зошто Пратениците кои земаат плата за 4 до 5 пати поголема од минималната плата, веднаш не седнат во пратеничките клупи и го поддржат и предложат Законот и да ја зголемат минималната плата на 18.000 денари кога истите имаат нивни роднини и пријатели кои работат за минимална плата, па колку повеќе го одолговлекуваат донесувањето на Законот ќе бидат приморани на ист начин да се однесуваат работниците спрема нив за време на избори и за исто толку да го одолговлекуваат гласањето на идните парламентарни избори, соопштија од ССМ.

Слични содржини