Радев: Бугарија се залага за европската интеграција на С.Македонија

од Nikola Popovski
209 прегледи

Денеска во Софија се одржа средбата помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Бугарија, Румен Радев.

-На политичарите е да гарантираат дека решенијата ќе го штитат достоинството и на граѓаните на Северна Македонија и на граѓаните на Бугарија, изјави Ковачевски на средбата.

Бугарскиот претседател Радев смета дека само со здружени сили може да се решат сите прашања и дека тие се залагаат за интеграција на нашата држава во Европа.

– Република Бугарија силно се залага за европската интеграција на Република Северна Македонија, при што смета на целосна отвореност и искрен дијалог и доверба, со подготвеност заедно да ги решаваме сите прашања, изјави Радев на денешната средба.

M.A.

Слични содржини