Хаос во Фиренца: Полицијата го чува Влаховиќ од хулигани

од Nikola Popovski
391 прегледи

Душан Влаховиќ се подготвува за рекорден трансфер во Јувентус, славниот клуб се договорил со Фиорентина, а српскиот напаѓач поради тој потег сега мора да го чува италијанската полиција.

Од „Чизмата“ доаѓаат слики за кои навистина не треба да има место во фудбалот, но за жал тие се случуваат.

Во трансфер вреден 75 милиони евра Душан Влаховиќ треба да премине во Јувентус и да стане најскапиот српски фудбалер во историјата, а неговото заминување особено ги налути навивачите на Фиорентина.

Пред куќата на одличниот голгетер во Фиренца се наоѓа полицијата која сега го штити од евентуален напад на хулигани.

Му се заканија синоќа кога стана јасно дека ќе го засили Јувентус, испраќајки му погрдни пораки.

„Ниту обезбедувањето не може да те спаси“, пишуваше на еден од транспарентите, а „Ла Република“ наведува дека полициските сили се пред неговата куќа, наведувајќи дека српскиот напаѓач не барал заштита, туку дека дошле по проценка дека неговата безбедност е загрозена.

„Почитта не се заработува само со голови, Влаховиќ го*но, му порачаа навивачите на Фиорентина.

Фото: Matteo Gribaudi/Image Sport

Слични содржини