650
Хрватскиот пејач Тони Цетински на овој ден се присети на својот драг колега која прерано почина.
Тоше Проески денеска би наполнил 41 година, а по тој повод Тони објави емотивни зборови.
– Среќен роденден Тоше! Ти и Аки повторно запејте ја од длабочините на душата со вашите прекрасни гласови „Есен во мене“. Ве сакаме засекогаш, напиша Цетински на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Како дел од објавата, Цетински направи колаж од неговите и фотографиите на Тоше во форма на буквата „Т“, со уште една посебна порака:
„Засекогаш твои, потпишуваме“.
Фото: Profimedia