Бучковски за македонско-бугарските односи: За една недела се направи повеќе отколку за една година

од Nikola Popovski
336 прегледи

Поранешниот премиер и поранешен специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски смета дека Скопје и Софија направија повеќе за една недела, отколку за една година.

-Ова дефинитивно ќе води кон придвижување на односите и кон враќање на довербата, но ќе треба да почекаме за да ги видиме резултатите. Според мене, идеален рок во кој може да се дадат првите очекувања е првите три месеци. Ќе биде битно кој ќе влезе во работните групи, затоа што проблемите не се само политички, бидејќи двете општества реално се оддалечија едно од друго отколку пред 2 години. Ќе треба систематски мерки надвор од министрите, за да дојде до подобрување на климата, но ќе мораат да се вклучат сите, потенцира Бучковски во емисијата „24 анализа“.

Според него, Ковачевски и Петков направија многу за недела, отколку што беше случај во изминатата година.

-Говорот на омраза е во директна корелација со бугарската блокада и вето, смета Бучковски.

Слични содржини