Николовски: Ги следевме препораките на Транспаренси и напредувавме за 24 места

од Nikola Popovski
267 прегледи

„Минатата година седнавме и анализиравме што детектирале извештаите на Транспаренси Интернешнл. Одржавме состаноци со ТИ и ги следевме сите препораки“, кажа Љупчо Николовски во вестите на Сител ТВ.

Тој додаде дека Владата ги следела препораките од невладините организации, Државниот завод за ревизија, кои потоа биле вметнати во ПЛанот за борба против корупцијата.

„Тоа е нотирано денес, нотирани се и одредени случаи, но нотирана е и потребата од брзи и ефикасни реформи во судството за да нема недопирливи и законот да важи за сите“ кажа Николовски.

Тој додаде дека ова е прв пат системски да се постави систем што испорачува резултати, да имаме негова имплементација, а сето тоа да е потврдено во извештајот.

Слични содржини