По голем пресврт, Данил Медведев го победи Феликс Оже-Алијасим со 3:2 (6:7, 3:6, 7:6, 7:5, 6:4) и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен. Противник на рускиот тенисер во борбата за финалето ќе биде Стефанос Циципас.
Феликс Оже-Алијасим беше на пат да направи изненадување и да го елиминира вториот носител Медведев од првиот Гренд слем сезонава, но рускиот тенисер дојде до победата по повеќе од четири и пол часа тенис.
Оже-Алијасим одигра одличен меч, имаше водство од 2-0 во сетови и меч топка во четврти, но Медведев најде сили да се врати во мечот и на крајот да дојде до триумф.
Медведев за пласман во финалето на Австралија опен ќе се бори против Стефанос Циципас, кој убедливо со 3:0 го совлада Јаник Синер.
Во првото полуфинале ќе се сретнат Рафаел Надал и Матео Беретини.